Европски ФудбалФудбал

Санчо подготвен да ја напушти Борусија и да продолжи кариера на друго место, изгледа како да се враќа во Англија, решено е!

Санчо е мета на англиските екипи веќе подолго време, но тој е сè уште член на Борусија Дортмунд, но е подготвен да направи трансфер во наредниот период.

Манчестер Јунајтед претходно преговараше со Борусија и со самиот играч, но тогаш не беше изводливо играчот да ја напушти Германија, а „Атлетик“ тврди дека со него контактирал и Челзи и дека Томас Тухел го посакува во неговиот тим.

Сепак, Санчо веќе одлучи дека доколку ја напушти Борусија, тој ќе потпише за Манчестер Јунајтед.

Значи, постои голема шанса „црвените ѓаволи“ да го ангажираат играчот што го посакуваа долго време ова лето.

21-годишниот Англичанец, кој оваа сезона ќе игра и на Европското првенство, забележа вкупно 38 настапи за „милионерите“ и постигна 16 погодоци со дури 20 асистенции. Претходно беше член на Манчестер Сити, каде и порасна.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!