Европски ФудбалФудбал

Санчо е нов играч на Јунајтед, обештетување од 90 милиони

Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо е нов играч на Манчестер Јунајтед, а од официјалниот трансфер во „црвените ѓаволи“, тој е разделен само со лекарски прегледи, потврди новинарот Фабрисио Романо.

Англискиот великан на име на отштета ќе и исплати сума од 90 милиони евра на Борусија Дортмунд, без дополнителни трошоци.

Се наведува дека 21-годишникот од Лондон ги договорил условите со „црвените ѓаволи“ и дека ќе потпише петгодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“.

Крилниот напаѓач, кој во моментов е со репрезентацијата на Англија и игра на Европско првенство, ќе му се приклучи на Јунајтед кога ќе заврши турнирот. Тој имаше тековен договор со Борусија до 2023 година.

Санчо, висок 180 сантиметри, ја започна својата кариера во помладите категории на Ватфорд, а пред да игра за сениорите од 2015 до 2017 година ги бранеше боите на Манчестер Сити.

Англискиот фудбалер ја започна својата професионална кариера во 2017 година во резервниот тим на Борусија, откако го одби договорот што му го понудија „граѓаните“.

Санчо постигна 50 гола на 173 натпревари кои ги играше за Борусија.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!