Европски ФудбалФудбал

Салцбург продава уште една „машина за голови“: Лестер го носи најдобриот играч во австриската Бундес лига

Патсон Дака, 22-годишен напаѓач од Замбија, наскоро треба официјално да потпише договор со Лестер Сити, тврди истакнатиот италијански новинар Фабрисио Романо.

Така, по Ерлинг Халанд, Салцбург продаде уште една „машина за голови“, а Лестер ги победи РБ Лајпциг, Ливерпул и Челси во борбата за Дака.

Засега не е позната сумата на пари што „лисиците“ му ја понуди на Салцбург за најдобриот играч во австриската Бундес лига, иако се претпоставува дека се работи меѓу 22 и 30 милиони евра.

Дака има фантастична сезона зад себе во редовите на „биковите“ од градот на Моцарт. Одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, а ја затресе мрежата 34 пати и запиша 12 асистенции.

22-годишниот напаѓач пристигна на академијата РБ Салцбург летото 2017 година од родната Замбија за непозната сума и ги одигра своите први сениорски минути на позајмица во филијалата на Лиферинг.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!