Европски ФудбалФудбал

Салернитана избори пласман во Серија А, но за да игра ќе мора клубот да биде продаден!

Италијанскиот фудбалски клуб Салернитана избори пласман во Серија А за новата сезона, но мора да го почитува правилото што забранува два клуба од иста лига да имаат ист сопственик.

Газдата на Лацио, Клаудио Лотито е еден од сопствениците на новиот член на италијанската елита. Тој доби 30 дена рок да го продаде својот капитал во една од екипата, а тоа најверојатно ќе биде во Салернитана.

Клубот во Серија А се пласираше, откако минатата сезона заврши на второто место во Серија Б. Во својата историја Салернитана има настапувано три пати во италијанската елита, а последен пат тоа беше во далечната 1998/99 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!