Европски ФудбалФудбал

Салах доби понуда со највисоката плата во историјата на Премиер лигата

Мо Салах има понуда за нов договор со неделна плата од над половина милион фунти

Египќанецот Мо Салах би можел да стане најплатениот фудбалер во историјата на Премиер лигата.

Иако има договор со Ливерпул на уште една и пол година, „црвените“ на одличниот напаѓач му понудија нов договор според кој неговата неделна плата би изнесувала над 500 илјади фунти.

Според „ЕСПН“, 29-годишниот напаѓач на тој начин би ја имал најголемата плата во историјата на лигата, но и првиот кој има над половина милион фунти неделно.

Мо има 15 гола и дури девет асистенции на 18 настапи во Премиер лигата оваа сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!