Рушту: Ни одговара распоредот во третиот круг, во продолжението ќе следат уште подобри изданија

Фудбалерите на Пехчево повеќе од заслужено дојдоа до триумф (0-1) на гостувањето против Локомотива во Градско на крајот од вториот круг во првенството во Втората лига – Исток.
Пехчево до трите бода дојде благодарение на голот уште во 2. минута од натпреварот на Јонус Рушту, иако до крајот триумфот можеше да биде и далеку поубедлив. Сепак, како што вели и Рушту, најважни се трите бода како мотив за продолжението на натпреварите до крајот на сезоната.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
„Натпреварот против Локомотива воопшто не беше лесен. Mожеше да се заврши и со подобар резултат меѓутоа среќата не беше на наша страна. Во секој случај, најважни се трите бода кои ни значат многу за да ставиме крај на досегашните порази. Според мене распоредот во третиот круг ни одговара и мислам дека можеме да завршиме на посакуваната позиција на крај. Веќе во сабота не чека лидерот на табелата меѓутоа јас цврсто верувам дека можеме да одиграме квалитетен натпревар и да дојдеме до посакуваните бодови“ – вели Рушту.
Веќе утре во првото коло од третиот круг, Пехчево со почеток од 15 часот гостува на лидерот Слога во Виница.