
Вечерва со дуелот во Пробиштип меѓу Црешово Топче и Овче Поле беше отворено 18. коло од Втората футсал лига. Гостите од Свети Николе со убедливи 1:4 го добија домаќинот и продолжуваат да нижат позитивни резултати.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Двојни стрелци за гостите од Свети Николе беа Павел Русевски и Никола Стојковиќ, а пак за домаќинот стрелец на единствениот гол беше Марио Атанасовски.
В недела Кеги Моби ќе игра против Мал Ајакс во Велес, а пак Астибо ќе го пречека СЕЕ Университи, колото ќе биде затворено в понеделник со дербито во Кавадарци меѓу Клими и Конзули од Битола.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428