ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Рудар отвара против Карбинци, дерби во Берово, Овче Поле на тест кај Чешиново 2015

Во недела се игра 2. коло од Третата фудбалска лига – Исток, а за првпат во новата сезона ќе заигра и Рудар од Пробиштип.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

„Рударите“ на домашен терен ќе го пречекат составот на Карбинци кој во Пробиштип доаѓа да го поправи впечатокот од првото коло каде на домашен терен беше убедливо поразен со 1:4 од Овче Поле.

Чешиново 2015 во првото коло успеа да откине два бода во Берово каде одигра „нула“ против Малеш, па утре ќе истрче максимално мотивиран за позитивен резултат и против Овче Поле. Гостинот од Свети Николе после одличниот старт во 1. коло каде со 1:4 беше подобар од Карбинци на гостински терен доаѓа максимално мотивиран по нов триумф и нови три бодови.

Дербито ќе се одигра во Берово каде ќе се соочат Малеш и Дојранско Езеро од Дојран. Домаќинот одигра „нула“ во првото коло со Чешиново 2015, а веќе утре ќе има нова шанса за трите бодови и за прва сезонска радост пред домашната публика.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Сите натпревари ќе започнат во 15:00 часот, а на овој линк можете да ги прочитате делегираните судии за утрешните три натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!