Рудар ги започна подготовките за новата сезона во Трета лига – Исток

Фудбалерите на Рудар денеска ги започнаа подготовките за сезоната 2022/23 во Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Тренерот Емил Јовчевски денес ја имаше првата прозивка со што беше одржан и првиот тренинг во рамки на летните подготовките за новата сезона.
Според планот и програмата на стручниот штаб, следуваат неколку дневни тренинзи, и најмалку четири пријателски натпревари.
Неофицијално, почетокот на новата сезона од Трета лига – Исток треба да се случи кон почетокот или средината од месец септември.
Лани шампион во ТМФЛ – Исток беше екипата на Овче Поле од Свети Никола беше шампион и играше бараж за Втора лига, кој го загуби убедливо од екипата на Арсими (шампион на Запад) која стана нов член на Втората македонска фудбалска лига, која ќе биде единствена.