ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Росоман закажа контролка со Вардар Неготино и го претстави Бојан Миланов

Третолигашот Росоман го закажа првиот контролен натпревар против Вардар од Неготино за в недела со почеток од 13:00 часот, а го промовираше и Бојан Миланов како трето зимско засилување.
>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<
Росоман 20-годишниот дефанзивец го ангажираше од младинските погони на Пелистер, а претходно има настапувано и за Њу Старс. Миланов се очекува да биде еден од клучните играчи во играта на овој третолигаш, кој атакува на прво место и преку баражот, на враќање во Втората фудбалска лига.