ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Росоман убедлив на тестот против Вардар Неготино

Третолигашот Росоман денес го одигра првиот контролен натпревар во рамки на подготовките за новата сезона од Третата лига – Југ и забележа убедлива победа од 3:1 над Вардар Неготино.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

Марко Миловановиќ беше двоен стрелец за Росоман, а еден погодок постигна Стефан Тодоровски.

Росоман и Вардар Неготино важат за едни од фаворитите за освојување на врвот од табелата. Следен тест за Росоман ќе биде на 12. февруари против второлигашот Братство од Житоше на домашен терен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!