ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Росоман со минимална победа над Кожуф на ревијалниот натпревар за Никола Темов – Мускулот

Росоман со победа ги заокружи подготовките за пролетната полусезона од Втората лига – Исток, откако денес со 1:0 славеше над Кожуф од Гевгелија на ревијалниот натпревар за Никола Темов – Мускулот.

Стрелец на единствениот погодок беше Кристијан Јованов, додека Петар Арсов беше прогласен за играч на натпреварот.

Росоман со пет победи на пет натпревари влегува во пролетната полусезона каде ќе води тешка борба за опстанок во второлигашкото друштво.

Росоман отвара со гостување кај Тиквеш во Кавадарци, Кожуф отвара дома против радовишка Плачковица.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!