Росоман се засили со шест нови играчи (ФОТО)

Второлигашот Росоман во пролетната полусезона од Втората лига – Исток влегува значително засилен.
Клубот денес во последиот ден од трансфер периодот ги претстави новите шест засилувања, Стефан Тодоровски, Христијан Тодоровски, Борче Макешоски, Христијан Свртиноски, Михо Андреевски и Илија Ристески.
Стефан Тодоровски (24), играч од нападот, кој доаѓа од екипата на Младост Кривогаштани. Претходно има настапувано за Победа, Корзо и Обршани.
Христијан Тодоровски (27), игра во нападот, но може да одговори и на средината на теренот. Искусен играч, кој претходно има настапувано за Корзо, 11 Октомври, Напредок од Кичево, Питу Гули и Обршани.
Борче Макешоски (19), млад играч од одбраната кој последен пат настапуваше во Победа од Прилеп.
Христијан Свртиноски (20), исто така доаѓа од Победа и е играч од средината на теренот.
Михо Андреевски (25), штоперот кој е поранешен играч на Победа и Питу Гули, а последните настапи ги запиша во Германија, Русинген 1903.
Илија Ристески (22), доаѓа од екипата на ГФК Вардар Неготино. Напаѓач кој претходно ја помина школата на Прилепска Победа.
Претходно, Росоман се засили со Дарко Божиновски и Бобан Тасевски.
Во пролетната полусезона второлигашот влегува со единствена цел – опстанок во Втората лига – Исток.