Росоман се засили со повратникот Игор Ѓорѓиев

Третолигашот Росоман денес го претстави своето второ зимско засилување. Ново име во екипата е Игор Ѓорѓиев – Тоти кој ќе го засили нападот на Росоман.
>>> ПРОМОВИРАЈТЕ АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<
23-годишникот е повратник во Росоман доаѓа од редовите на радовишка Плачкоица, а во својата кариера има настапувано и за Вардар од Неготино и Марена.
Росоман вчера како што информираше Спортска Мрежа го претстави Емануел Елмазов кој го засили средниот ред. Како што вчера најави Спортска Мрежа утре и во четврток ќе бидат промовирани уште две засилувања.
>>> ЗИМСКА ИДИЛА ВО ОХРИД – ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ОХРИД ПОД СНЕГ НА КОТВА.МК <<<
Целта на Росоман е освојување на првото место и преку баражот да направи кам-бек во второлигашкото друштво.