ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Росоман се засили со Божиновски и Тасевски

Второлигашот Росоман се засили со Дарко Божиновски и Бобан Тасевски за пролетната полусезона од Втората лига – Исток.
Божиновски кој го засилува нападот на Росоман доаѓа од редовите на третолигашит Вардар Неготино, а во својата кариера има настапувано и за Питу Гули и битолски Пелистер.
Тасевски во Росоман доаѓа од редовите на радовишка Плачковица, а потекнува од школата на Академија Пандев. Младиот фудбалер игра на крилната позиција.
Росоман есенскиот дел од сезоната го заврши на последното место на табелата со осум освоени бодови, а во пролетната полусезона ќе се бори за опстанок. Второлигашот ќе стартува во Кавадарци против Тиквеш.
Еден Коментар