ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Росоман реагира: Катастрофално судење, недосуден пенал, очигледен удар со бокс кон нашиот играч! (ВИДЕО)

Росоман вчера во рамки на 20. коло од Втората лига – Исток на домашен терен загуби од Кожуф со 1:4. Клубот реагираше на нивната официјална фејсбук страница за судењето споделувајќи две видеа.
Во првото видео Росоман реагира за недоусден пенал кога резултатот е 1:1, додека во второ видео од клубот велат дека нивниот играч добива удар со бокс, но тоа судијата не го санкционира ниту со жолт картон.
Во продолжение погледнете ги видеата: