ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Росоман промовираше четири нови засилувања – амбициите се враќање во Втора лига

Третолигашот Росоман за новата сезона од Трета лига – Југ која треба да започне веќе в недела, промовираше четири нови засилувања, со кои ќе атакува на кам-бек во Втората македонска фудбалска лига.
Нови имиња во таборот на Росоман се Кристијан Јованов, Слободан Дуков, Дане Митрев и Горан Соколов.
Јованов и Дуков се повратници во Росоман, а во пакет доаѓаат од редовите на Локомотива, која минатата сезона се натпреваруваше во Втора лига – Исток.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро
Митрев и Соколов се нови имиња во Росоман, а ова дуо доаѓа од редовите на Вардар од Неготино.
Росоман новата сезона ќе ја отвори со гостувањето кај новиот третолигаш Канатларци.