ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Росоман подобар од Ново Црнилиште на првиот контролен натпревар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Второлигашот Росоман со победа ги започна контролните натпревари во рамки на подготовките за пролетната полусезона од Втората лига – Исток, откако денес славеше со 3:4 над третолигашот Ново Црнилиште.
Квалитетен и возбудлив натпревар на кој беа постигнати дури седум погодоци. Натпреварот се играше на игралиштето во Црнилиште.
Стрелци на погодоците за Росоман беа Слободан Дуков, Христијан Тодоровски, Стефан Тодоровски. Кај Ново Црнилиште стрелци беа Мустафа Селманоски, Севџан Алиу и Кемал Бесими.
Денешниот контролен натпревар беше прв и за двете екипи. Росоман во пролетната полусезона ќе се бори за опстанок во Втората лига – Исток, додека Ново Црнилиште во пролетната полусезона ќе се бори за влез во Втората лига – Исток.
оментари