ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Росоман на контролка против Марена

Утре третолигашите Росоман и Марена ќе одираат контролен натпревар во рамки на подготовките за новата сезона од Третата лига – Југ.

Росоман за новата сезона најавува борба за врвот и експресно враќање во Втората лига, која од следната сезона ќе биде единствена, односно нема да има два региона – Запад и Исток, но борбата за пласман во повисок ранг на натпреварување ќе треба да помине и низ бараж натпревар, за што веќе Спортска Мрежа информираше околу начинот на пласман од Трета во Втора лига, што ќе биде значително потешко, отколку во претходните сезони, кога шампионот од Трета лига – Југ имаше директен пласман.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 17:30 часот на фудбалското игралиште на Марена.

Инаку, во минатата сезона Росоман беше дел од Втората лига – Исток, меѓутоа сезоната ја заврши на последното место и експресно отпадна во ТМФЛ – Југ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!