ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Росоман на контролен натпревар со Марена

Второлигашот Росоман во недела ќе одигра контролен натпревар против третолигашот Марена.

Росоман на претходните два контролни натпревари запиша победи, откако со 3:4 беше подобар од третолигашот Ново Црнилиште и со минимални 1:0 подобар од лидерот во Третата лига – Југ, Локомотива од Градско.

За Марена контролката во недела ќе биде прва во подготовките за пролетната полусезона.

Натпреварот се игра на игралиштето во Росоман со почеток од 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!