ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Росоман го „среди“ Вардар Неготино на контролен натпревар

Росоман минува низ успешни подготовки пред стартот на новата сезона од Третата лига – Југ. Минатогодишниот второлигаш, екипата на Росоман со 3:1 беше подобар противник од третолигашот Вардар Неготино.

Во новата сезона која треба да стартува на почетокот од месец септември, Росоман влегува со високи амбиции и ќе атакува на прво место, а со тоа и бараж за враќање во Втората македонска фудбалска лига, која од следната сезона ќе биде единствена.

Покрај Росоман во Трета лига – Југ ќе има уште неколку квалитетни екипи, меѓу кои и Вардар Неготино кои исто така најавуваат амбиции за висок пласман, па тоа ќе понуди одлични и интересни натпревари од ТМФЛ – Југ.

Во однос на тоа кои екипи ќе се натпреваруваат во Третата лига – Југ, можете да прочитате овде.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!