ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Росоман го промовираше Елмазов и закажа две контролни средби

Третолигашот Росоман кој влегува со амбиции за прво место во новата сезона во Третата лига – Југ денес го претстави првото засилување во зимскиот преоден рок и закажа два контролни средби.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА КОТВА.МК <<<

Клубот денес го претстави 26-годишниот Емануел Елмазов кој во Росоман доаѓа од редовите на второлигашот Локомотива од Градско и ќе го засили средниот ред, а во кариерата има настапувано и за Габер, Вардар од Неготино и Повардарие.

Како што дознава Спортска Мрежа покрај Елмазов во Росоман ќе пристигнат уште три засилувања кои ќе бидат промовираше во следните денови.

Росоман кој во претходната сезона се натпреваруваше во Втора лига – Исток в недела ќе игра против Вардар од Неготино, додека пак на 13. февруари ќе игра против второлигашот Братство од Житоше.

>>> ПРОМОЦИЈА НА КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

Како што информираше Спортска Мрежа новата сезона од Третата лига – Југ ќе започне на 20. февруари и истата треба да биде комплетирана до крајот на мај.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!