Росоман ги започна подготовките за пролетната полусезона во ВМФЛ – Исток (ФОТО)

Второлигашот Росоман ги започна подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Исток. Клубот вчера го имаше првиот собир оваа година и беше одработен првиот тренинг.

„Во престојната втора полусезона, ние влегуваме мотивирани и спремни, да покажеме дека неслучајно сме во Втората лига. Оваа полусезона чест ни е да Ве известиме дека екипата ќе ја тренира Горан Тодоровски, во соработка со нашата досегашна “шефица” Драгана Костова“, велат од клубот.

Од клубот додаваат дека следните денови ќе бидат откриени и засилувањата кои ќе треба да го подигнат нивото на клубот за пролетната полусезона, каде Росоман ќе има тешка задача во борбата за опстанок.
Росоман есенскиот дел од сезоната го заврши на последното место на табелата во Втората лига – Исток со осум освоени бодови.