ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Рони Синани од Гостивар на позајмица во Беса од Добри Дол

Фудбалерот на Гостивар, Рони Синани ќе биде позајмен до крајот на сезоната во редовите на Беса од Добри Дол.
Двата второлигаши во текот на вчерашниот ден постигнаа договор со што 21-годишникот до крајот на сезоната ќе биде во Беса.
Во својата кариера покрај за Гостивар има настапувано и за Дрита, Вардар Форино и младинските погони на Шкендија.
По пет одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, Гостивар е на третото место со 13 бодови, додека пак Беса е шеста со 8 освоени бодови.