ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Рони Синани најново засилување за Гостивар

Второлигашот Гостивар продолжува со претставувања на нови засилувања за новата сезона од Втората лига – Запад. Денес во Гостивар беше претставен Рони Синани.

20-годишниот фудбалер се враќа во матичниот клуб од редовите на Дрита од Боговиње.

„По петгодишната авантура Синани се врати дома, мотивиран како никогаш порано да му помогне на клубот во неговата амбиција за следната сезона, Рони е познат по својата борбеност и ангажираност на секој дел од теренот, ние како клуб сме среќни што тој се врати во сино-белото семејство. Му посакуваме добредојде во нашето семејство“, велат од Гостивар.

Во својата кариера младиот фудбалер има настапувано уште и за Шкендија и Вардар од Форино.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!