Европски ФудбалЕУРО 2020Фудбал

„Роналдо веднаш да ја напушти Италија, да ме остави на мира“

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо на шега зборуваше за напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Трофејниот тренер смета дека неверојатната мотивација е тајната на успехот на неговиот сонародник кој ќе се обиде да ја одбрани европската титула со репрезентацијата на Португалија.

„Кристијано мора веднаш да ја напушти Италија и да ме остави на мира“, изјави Мурињо за „talkSPORT“ и продолжи:

„Рекордите го водат Роналдо и тој сака да игра не само на ова Европско првенство, туку и на Светското првенство следната година. Тој е легенда, едно од најголемите имиња кои засекогаш ќе останат во историјата на фудбалот. Кристијано е мотивиран од бројки и нови работи. Тој сака да ја освои Златната топка, Златната копачка, сака да го сруши рекордот на иранскиот фудбалер по бројот на голови за националниот тим.“

Мурињо потенцира дека не е добро да му се каже на Роналдо дека Лео Меси е подобар од него.

„Не мислам дека Кристијано ќе биде лут. Критичарите го мотивираат. Неговите противници не треба да кажуваат ниту еден лош збор за него, бидејќи тоа секогаш ќе го мотивира. Тој е играч кој е многу, многу силен ментално.“

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!