ЕУРО 2020Фудбал

Роналдо: Ова ќе биде моето петто ЕП, но се чувствувам како да е прво

Најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо изјави дека воопшто не е нервозен пред првиот натпревар на Европското првенство. Тој исто така и рече дека е фокусиран само на репрезентацијата и дека не размислува за неговиот статус во Јувентус.

„Играм на највисоко ниво со години и почетокот на натпреварувањето не ми предизвикува нервоза“, рече Роналдо и додаде:

„Така беше кога имав 18 или 19 години… Имаше некаква внатрешна борба, а сега кога имам 36 години, што и да се случи, дефинитивно ќе го дадам својот максимум. Во моментов не размислувам за својата иднина во Јувентус и фокусиран сум исклучиво на Европското првенство. Не играте често на толку голем турнир. Ова ќе биде моето петто ЕП, но се чувствувам како да е прво. Сакам да го започнеме тоа на вистински начин, со победа. Треба да одиграме добар натпревар и да бидеме позитивни од првиот до последниот натпревар“, заврши Роналдо.

Португалците играат во групата Ф со Унгарците, Французите и Германците, а веќе утре нивни ривали ќе бидат Унгарците во Будимпешта (18:00 часот).

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!