Европски ФудбалФудбал

Роналдо останува во Јувентус

Кристијано Роналдо ќе остане во Јувентус и следната сезона, пишува „Газета дело спорт“.

Договорот на Роналдо со италијанскиот тим истекува следната сезона, а во претходните месеци Португалецот беше поврзан со трансфер во ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Спортинг од Лисабон.

Роналдо е на одмор по завршувањето на Европското првенство, а на подготовките пристигнува на 25 јули.

Роналдо пристигна во Јувентус пред три години од Реал. Минатата сезона тој одигра 44 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања – постигна 36 гола и имаше четири асистенции.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!