ЕУРО 2020Фудбал

Роналдо: Не го постигнавме она што го сакавме, ќе се вратиме посилни!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо истакна дека е горд на својата репрезентација, иако не го постигна посакуваниот резултат на Европското првенство.

Актуелниот шампион беше поразен во осминафиналето на континенталниот шампионат од Белгија (1:0). Тешко му беше на Роналдо, кој по натпреварот ја фрли капитенската лента на теренот.

36-годишната ѕвезда денес се огласи на социјалните мрежи.

„Не го постигнавме резултатот на кој се надевавме и го завршивме турнирот порано отколку што сакавме. Но, горди сме на прикажаното, направивме се што можеме за да ја одбраниме титулата – Европски шампион. Овој тим покажа дека може да му донесе многу радост на Португалецот“, напиша Роналдо.

„Нашите навивачи не поддржаа од почеток до крај. Се боревме за нив, за да ја оправдаме довербата што ја дадоа во нас. Сепак, не беше можно да се постигне она што сите го посакувавме. Честитки за Белгија и им посакувам многу среќа на сите екипи до крајот на турнирот. Што се однесува до нас, ќе се вратиме посилни.“

Инаку, Белгија во четвртфиналето ќе игра против Италија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!