Европски ФудбалФудбал

Роналдињо за Меси во ПСЖ: Мириса на освојување на Лигата на шампионите!

Трансферот на Лионел Меси од Барселона во Пари Сен Жермен предизвикува коментари од целата фудбалска јавност, а свое мислење даде и легендарениот играч на двата клуба – Бразилецот Роналдињо.

Бразилецот му посака среќа на својот поранешен соиграч во Париз.

„Многу сум среќен што играв во два големи клуба, а сега гледам дека и мојот пријател го стори истото. Мило ми е што го гледам во маичка со натпис „Париз“ и му посакувам многу среќни моменти во Франција. Исто така ми е драго што мојот пријател Серхио Рамос е во ПСЖ, мислам дека мириса на Лигата на шампионите“, напиша Роналдињо на социјалните мрежи.

Роналдињо (41) се префрли од францускиот клуб во тимот од стадионот „Камп Ноу“ во 2003 година, каде што остана до 2008. Потоа играше за Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, мексикански Керетаро и Флуминенсе.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!