Европски ФудбалФудбал

Романо: Јувентус не започна никакви преговори за Пјаниќ, приоритет е поранешниот играч за врска на Милан

Најсигурниот спортски новинар на светот Фабриsио Романо се осврна на ситуацијата со Миралем Пјаниќ, кој не е приоритет на Јувентус.

Пјаниќ, кој премина од Јувентус во Барселона пред почетокот на минатата сезона, не играше на „Камп Ноу“ и според шпанските медиуми, Каталонците ќе го ослободат бесплатно.

Долго време се пишуваше за потенцијалното враќање на Пјаниќ кај „старата дама“, но тоа, барем до денес, не е актуелна тема за италијанскиот клуб.

Фабрисио Романо ексклузивно потврди дека Јувентус не започнал никакви разговори за доведување на Миралем Пјаниќ и дека приоритет е младиот играч за врска на Сасуоло, Мануел Локатели.

Јуве организираше нов состанок во врска со преговорите околу Локатели. Инаку, поранешниот фудбалер на Милан има феноменални игри на Европското првенство со репрезентацијата на Италија.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!