Европски ФудбалФудбал

Рома се договори со Челзи за Абрахам

Актуелниот европски шампион Челзи се согласи да го продаде младиот напаѓач Тами Абрахам на Рома.

Останува римскиот клуб и играчот да се договорат за личните услови. Челзи ја прифати понудата на Рома од 40 милиони евра, но она што е уште поважно за „сините“ е тоа што успеаја да стават клаузула за откуп на договорот по фиксна цена. Се уште уште не е познато која е цената.

Со ова се затвара кругот околу напаѓачите. Ромелу Лукаку оди од Интер во Челзи, Џеко доаѓа во Интер од Рома, а Абрахам во Рома од Челзи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!