Европски ФудбалФудбал

Рома носи играч од Арсенал ?!

Рома е блиску до потпишување договор со фудбалерот на Арсенал, Ејнсли Мејтланд Најлс. Станува збор за шестмесечна позајмица со опција за откуп, објавија италијанските медиуми.

Позајмицата би ја чинела Рома меѓу 500.000 и 700.000 евра, а за откуп на договорот ќе треба да се исплатат десет милиони евра обештетување.

Мејтланд Најлс може да игра на неколку позиции, во средниот ред, на крилните позиции и како страничен дефанзивец. Токму неговата универзалност ги привлече Рома и тренерот Жозе Мурињо.

Рома очекуваше тој да биде достапен на 6 јануари, кога продолжува Серија А, но Мејтланд Најлс е позитивен на коронавирус и ќе ја напушти Британија само кога ќе се опорави од инфекцијата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!