Европски ФудбалФудбал

Роџерс: Јунајтед ? Има гласини, но јас не сум дел од таа приказна

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс ги демантираше приказните дека би можел да седне на клупата на Манчестер Јунајтед.

Уште пред официјално да биде отпуштен Оле Гунар Солшер, се пишуваше дека Ирецот може да ги преземе „црвените ѓаволи“. Сега кога Норвежанецот го напушти клубот, се шпекулира кој ќе го заземе неговото место.

Едно од првите споменати имиња беше Роџерс.

“Тоа не е вистина. Ќе има гласини додека не ангажираат менаџер. Но, јас сум посветен на Лестер. Тука сме фокусирани на развој на играчи. Јасно ми е дека сакате да правите приказни и да создавате одреден наратив, почитувам што поставувате прашања, но оваа приказна не ме вклучува мене“, јасен е 48-годишниот.

Претходно беше објавено дека Зинедин Зидан ја одбил понудата на челните луѓе на Јунајтед. Се уште се шпекулира дека на „Олд Трафорд“ би можел да дојде Маурисио Покетино, а меѓу кандидатите е и Ернесто Валверде.

Што велите кое би било најдоброто решение за „црвените ѓаволи“ ?

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!