ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Роберт Митев ново засилување за Охрид

Второлигашот Охрид Лихнидос се засили со Роберт Митев, клубот и официјално го потврди засилувањето.

Митев доаѓа како слободен фудбалер, а во есенската полусезона настапуваше за прволигашот Беласица од Струмица. 26-годишниот фудбалер во својата кариера има настапува за Вардар, Тиверија од Струмица, Скопје, Љубанци, Еуромилк ГЛ, Велазерими, Тиквеш од Кавадарци и последно во струмичка Беласица.

Охрид одигра фантастична есен и заврши на четвртото место на табелата со освоени 28 бодови, и во пролетната полусезона влегува во борба за врвот во Западот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!