ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Ристовски: Се подготвуваме одлично, атмосферата во репрезентацијата е на едно високо ниво!

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во 18:00 часот на Националната арена ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Словенија, во рамки на подготовките за ЕП пред заминувањето во Букурешт.

Стефан Ристовски вели дека Македонија е репрезентација која на секој натпревар игра на победа.

„Се подготвуваме одлично, атмосферата во репрезентацијата е на едно високо ниво, очекуваме утре наша добра игра и победа. Македонија на секој натпревар игра на победа. Фудбалот затоа и е толку посебен. Изгубивме од Австрија, а успеавме да ја победиме Германија на гостински терен. . Кој и да излезе утре на терен што се однесува до составот значи дека е во првиот тим. На селекторот е да одлучи. Кој и да настапи ќе даде максимум и ќе одигра пожртвувано и борбено за националниот дрес”, вели Стефан Ристовски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!