Куп на МакедонијаФудбал

Ристовски на центарот во Неготино, Смоквоски патува во Струга

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпревари од 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Натпреварите се играат в среда со почеток од 15:00 часот.

Љуботен, Воска Спорт и Скопје ќе се пласираат директно во следната фаза од Купот, откако Зајази и Црно Буки го откажаа учеството, додека пак со Ренова е јасно што се случи.

Сите останати натпревари ќе се одиграат, а победниците и ќе се приклучат на Љуботен, Воска Спорт и Скопје, како и на ланските финалисти Македонија ЃП и Силекс.

  • Делегирани судии 1/16-финале Куп на Македонија:

Беласица – Шкупи, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Гостивар – Пелистер, Марјан Младеновски (Скопје)
Тетекс – Академија Пандев, Марјан Стојановски (Кичево) * Ќе се игра во Струмица на СЦ „Пандев“.
Слога – Брегалница, Благојче Ралевски (Битола)
Каменица Саса – Вардар, Марјан Дејаноски (Кичево)
Кожуф – Тиквеш, Ивана Пројковска (Скопје)
Вардар Неготино – Струга Трим Љум, Доне Ристовски (Гевгелија)
Карбинци – Победа, Александар Василевски (Скопје)
Зајази – Воска Спорт, (нема да се игра – Воска Спорт оди во следна фаза)
Фортуна – Борец, Пларент Салихи (Тетово)
Љуботен – Ренова, (нема да се игра – Љуботен оди во следна фаза)
БВК Коњаре – Работнички, Бењамин Ќерими (Скопје)
Црно Буки – Скопје, (нема да се игра – Скопје оди во следна фаза)
Караорман – Шкендија, Кирил Смоквоски (Прилеп)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!