Ристовски ќе го суди дербито меѓу Гостивар и Вардар, Василевски на центарот во Струга

В недела се играат натпреварите од 9. коло од Втората македонска фудбалска лига. ФФМ ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум натпревари.
Дербито на колото го играат конкурентите за Прва лига, Гостивар и Вардар, а правдата ќе ја дели Доне Ристовски од Гевгелија. На центарот во Струга ќе застане Александар Василевски, кој ќе ја дели правдата меѓу Караорман и Детонит Плачковица од Радовиш.
- Делегирани судии 9. коло ВМФЛ:
Борец – Пелистер, Дејан Младеновски (Скопје)
Караорман – Детонит Плачковица, Александар Василевски (Скопје)
Локомотива Пехчево – Охрид, Марјан Дејаноски (Кичево)
Каменица Саса – Арсими, Боби Величков (Велес)
Беса – Кожуф, Фатмир Бафто (Охрид)
Гостивар – Вардар, Доне Ристовски (Гевгелија)
Воска – Тетекс, Влатко Илиоски (Прилеп)
Слога Виница – Беласица, Јосип Бартон (Скопје)