ФудбалФудбал - Останато

Ристевски со Ујпешт го освои Купот на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски со Ујпешт го освои Купот на Унгарија откако по продолжението од финалето славеше со 1:0 над Мол Фехервар каде настапува Висар Мислиу.

Стрелец на единствениот победничник гол беше Кастрати постигнат во 101. минута од продолжението. Екипата на Мол Фехервар натпреварот го заврши со двајца играчи помалку на терен, откако Рус во 91. и Алеф во 97. минута беа исклучени од игра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!