ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Ристе Наумоски се враќа на фудбалските терени како ново засилување за Велмеј во Трета лига – Југозапад

Новиот член на Трета лига – Југозапад, екипата на Велмеј денес го промовираше десното крило Ристе Наумоски како ново засилување за новата сезона.
„Фрути Суп Борд“ – возење низ Охридското езеро со вкусни коктели, музика и диви плажи
Во својата кариера 28-годишниот охриѓанец има настапувано за Новаци, Влазними, Охрид и последно Октиси. Како што дознава Спортска Мрежа, Наумоски имал понуди од неколку скопски третолигаши, но сепак тој се решил за понудата на Велмеј.
Новата сезона од Трета лига – Југозапад ќе започне утре, а Велмеј сезоната ја отвара против Преспа во Ресен.