ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Риниа со голема победа над Аеродром, Раштак убедлив против Њу Јорк

Денес беа одиграни натпреварите од вонредното 16. коло од Третата лига – Север.

ССК Нова 2:1 Студен Вода

Екипата на ССК Нова одигра одличен натпревар и запиша голема победа над Студена Вода со 2:1 и запиша големи три бода. Во 21. минута од натпреварот Младеновски покажа на белата точка за домашната екипа, одговорноста ја презеде Исмаиловски Ферди кој успешно реализираше за водство од 1:0 за ССК Нова. Во вториот дел од натпреварот Томески Мартин постигна гол за 1:1 во 51. минута. ССК Нова продолжи со одличната игра и во 70. минута со втор гол на Исмаиловски дојде до ново водство од 2:1. До крајот на средбата мрежите мируваа и на двете страни.

Петровец 1:0 Башкими

Петровец на домашен терен стигна до минимална, но голема победа над Башкими од 1:0. Единствениот гол падна во 2. минута од натпреварот, а стрелец беше младиот Леќик Ерсин. До крајот на натпреварот домашната екипа мудро го чуваше водството и трите бодови останаа дома.

Илинден 6:0 Речица

Екипата на Илинден сосема очекува запиша убедлива победа над „фенерџијата“ Речица од високи 6:0 на домашен терен. Резултатот беше отворен во 12. минута со гол на Ѓорѓиевски Петар. Во 28. минута Мирчевски Александар донесе двојна предност за домашната екипа. На пет минути пред крајот на првиот дел Трпески Филип ја стресе мрежата за 3:0 на полувреме. На стартот од вториот дел Благојевски Марио зголеми на високи 4:0, а шест минути подоцна Ѓорѓиевски со втор гол донесе водство до 5:0. Во 80. минута од натпреварот Аросвски Дарко ги постави конечните 6:0.

Волково 1:1 Маџари Солидарност

Волково одигра одличен натпревар и дома одигра 1:1 со фаворитот Маџари Солидарност и запиша голем бод во тешката борба за опстанок. Екипата на Волково прва го отвори резултатот во 29. минута со гол на Брњарчевски Тони кој влезе во игра во 17. минута. Во вториот дел гостинот со гол на Мамути Џавид израмни на 1:1. До крајот на натпреварот мрежите мируваа.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Њу Старс 1:1 Беса Влазрими

Дербито меѓу Њу Старс и Беса Влазрими заврши без победник со по еден гол (1:1). Гостинската екипа не ја искористи можноста со победа да се врати на врвот, па мораше на крај да се задоволи само со бод. Њу Старс прв дојде до водство во 14. минута, а стрелец на погодокот беше Ристовски Давид. Гостите во 25. минута со гол на Фетаи Мерван израмни на 1:1. До крајот на натпреварот шанси за погодок имаше, но фалеше реализација, па така резултатот од 25. минута стана конечен.

Аеродром 0:2 Риниа 98

Екипата на Риниа стигна до петтата последователна победа, откако денес во Ново Лисиче со 0:2 беше подобар противник од домаќинот Аеродром. Резултатот беше отворен во 31. минута, а стрелец на погодокот беше Љатифи Амет. На стартот од вториот дел Даути Орхан ја стресе мрежата на Миленков за двојна предност. До крајот на натпреварот мрежи мируваа, а конечниот резултат беше 0:2.

Раштак 3:0 Њу Јорк

Раштак продолжува со одлични игри, а денешната победа од високи 3:0 над Њу Јорк е уште една потврда за квалитетот на ова екипа. Атанасков Ѓорѓија уште во 2. минута ја стресе мрежата на Абдурахим за водство на Раштак од 1:0. Во самиот финиш од првиот дел Стојановски Бобан погоди за 2:0 на полувреме. Во вториот дел домашната екипа продолжи со одлични игри, па во 54. минута Блажевски Мартин ги постави конечните 3:0.

Фортуна која беше слободна во ова коло е лидер на табелата со 39 бодови, еден помалку има второпласираната Беса Влазрими, додека на третото место со 30 бодови е Њу Старс.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!