Европски ФудбалФудбал

Рибери бара нов клуб

Договорот на Франк Рибери со Фиорентина истекува на 30 јуни, а бидејќи не му беше понудено нов, тој може слободно да избере нова средина.

Францускиот фудбалер наполни 38 години во април, но тој сè уште не размислува за пензија. Тој се надеваше дека може да остане во Фиренца барем уште една сезона, но бидејќи клубот не сакаше да го задржи, тој ќе мора да бара нов клуб.

Рибери повеќе би сакал да игра во друг клуб во Серија А, но прашање е дали има интерес за него. Постои можност Силвио Берлускони да го донесе во Монца, која се бори да влезе во елитата.

Сепак, италијанските медиуми сметаат дека најреална опција е кариерата да ја продолжи во богат азиски или американски клуб што може да ги исполни неговите финансиски побарувања. Рибери наводно заработувал скоро четири милиони евра годишно во Фиорентина.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!