РакометРакомет - Суперлига

РФМ ги одложи сите натпревари, македонските клубови со последен поздрав за Даниловски

Од Ракометната федерација на Македонија изразуваат сочуство до семејството на починатиот ракометар, Никола Даниловски.

Иако првично требаше да се одложи само натпреварот од „езерското дерби“ меѓу Охрид и Струга, сепак од РФМ го одлагаат во комплет 13. коло од плеј-офот за понеделник, а причината е трагичниот настан кој се случи денес во водите на Охридско езеро. Смртта на 24-годишникот ја шокира македонската јавност.

Сите го изразуваат своето сочувство и го испраќаат последниот поздрав до младиот голман, кој беше член на охридскиот суперлигаш. Последен поздрав до Даниловски испратија и македонските клубови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!