ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Револтот на третолигашите од Југозапад кон судиските неправди расте, доколку нема промени ќе се откажат од натпреварување!

По само четири одиграни кола во Трета лига – Југозапад екипите крајно револтирани реагираат кон судиите.

Лирија од Грнчари прва реагираше за како што велат судиските неправди кон нив, денес реагираат и Кравари и Македонија од Враништа, за што веќе објави и Спортска Мрежа.

Трите екипи се крајно револтирани и како што велат доколку нема реакција и санкции за судиските грешки ќе се откажат од натпреварувањето во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.

Ако се земе фактот дека по две кола Велмеј се откажа од други причини од натпреварувањето и доколку овие три екипи останат цврсто решени на овој став, тогаш дефинитивно ќе се случи хаос во ТМФЛ – Југозапад, бидејќи бројот на екипи кои би останале да се натпреваруваат ќе биде само осум.

Колку за потсетување минатата сезона во Трета лига – Исток во скратен формат играа само шест екипи, број на екипи кој е минимален за старт на една сезона.

Останува да видиме дали во следниот период ќе има реакција од ОФС Битола, организатор на Трета лига – Југозапад по реакциите на клубовите кон судиите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!