ОстанатоФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Ревијален меч меѓу ветераните на ГФК Вардар и некогашен ФК Кабли од Неготино

Денес на Градскиот стадион во Неготино се одигра ревијален натпревар помеѓу ветераните на ГФК Вардар Неготино и ветараните од некогашниот фудбалски клуб Кабли од Неготино, кој заврши со резултат 4:4.
„Оваа година е симболична бидејќи е во знакот на ЕВРО 2020 и поддршка за нашите репрезентативци“, велат учесниците на ревијалниот натпревар за Спортска Мрежа.

Откако заврши натпреварот беа доделени и признанија за посебни заслуги и вложувања во фудбалот на Герасим Мантев, Јордан Митрев, Орце Најдов, Страшо Андонов и Илија Јованов – Џуна.
Фудбалскиот клуб Кабли згасна во далечната 1997 година, а ревијалните натпревари за прв пат започнаа да се организират пред точно десет години.