ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Реприза на баражот – Тиквеш против Силекс, Охрид ја предизвикува Ренова!

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за бараж натпревари за Прва лига.

Второлигашот Тиквеш од Кавадарци ќе игра против кратовски Силекс додека Охрид за противник ја доби Ренова.

Ќе се одигра по еден бараж натпревар за влез односно опстанок во Првата лига, а при нерешен резултат веднаш ќе бидат изведувани пенали. Бараж натпреварите се закажани за 25 мај. Дуелот меѓу Тиквеш и Силекс ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ додека мечот меѓу Ренова и Охрид ќе биде одигран на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

Инаку, Силекс утре ќе игра финале од Купот на Македонија против Академија Пандев. Победникот ќе обезбеди излез во Европа, односно ќе игра квалификации во новоформираната Конференциска лига на Европа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!