ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 17 години загуби од соодветната селекција на Луксембург

Репрезентацијата на Македонија до 17 години загуби со 3:2 од соодветната селекција на Луксембург во последниот натпревар од мини квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023 година.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ на тренинг центарот „Петар Милошевски” со нов пораз го заокружија овој квалификациски циклус. 

Македонија одлично го започна натпреварот. Мухамед Елмас успеа да погоди уште во 4. минута и да и донесе предност на својата селекција. 

Противникот во период од 4 минути успеа да направи комплетен пресврт. Израмнувачки гол постигна Бенслаиман во 36. минута. Голот за водство на Луксембург го постигна Федерспиел во 40. минута од средбата.

Во продолжението, Македонија успеа да го израмни резултатот. По асистенција на Ајетовиќ, Младеновски погодува за 2:2.

Во последните мигови од средбата, Федерспиел погоди за победа на Луксембург со 3:2.

Македонија: Хаџибулиќ, Мемиши, Љубевски, Стојковски, Велков, Димитријевски, Јовановиќ, Подграѓа, Елмас, Алиу, Алији;

Селектор: Вујадин Станојковиќ;

Во вториот натпревар, на стадионот на Македонија Ѓ.П., фаворитот Франција славеше убедлива победа над Исланд од 4:0, со што го потврди првото место во групата 9 од квалификациите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!