ФудбалФудбал - Прва женска лига
Репрезентативно засилување: Лекоска на голот на ЖФК Љуботен

Најактивен на трансфер-пазарот дефинитивно е женскиот фудбалски клуб Љуботен. Клубот од Тетово донесе репрезентативно засилување и на голманската позиција се засилува со Магдалена Лекоска.
Искусната голманка го чува голот на Македонската женска сениорска репрезентација, а во редовите на ЖФК Љуботен пристигнува од ЖФК Истатов од Дојран. Лескоска ќе биде големо засилување за тетовскиот клуб кој ќе атакува за врвот од Првата женска фудбалска лига.
Претходно, ЖФК Љуботен се засили со бразилката Роналдиња, ја врати Сања Митреска – Сани од АС Јунајтед од Струга, а Небојша Бреѓан го назначи за нов спортски директор.
оментари