ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Ренова запиша победа над Јагодина на вториот тест-меч

Екипата на Ренова и на вториот контролен натпревар запиша победа, откако во Охрид со 2:1 беа подобри од српска Јагодина.
Стрелци на двата гола за победа на „гипсарите“ беа Реми Селмани и новото засилување од Колумбија, Мена Перез. На првиот контролен натпревар Ренова го надигра второлигашот Дрита со 4:0. Ренова на подготовки во Охрид ќе остане до 3. февруари.
Екипата од Џепчиште пролетната полусезона во ПМФЛ ја отвара против последнопласираната Беласица на домашен терен.