ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Ренова во финишот се избори за реми на тестот со Охрид

Прволигашот Ренова денес одигра реми (2:2) на тестот против второлигашот Охрид на стадинот СЦ „Билјанини Извори“.

Ренова прва дојде до водство во 8. минута со голот на Јашаровски, но охриѓани го свртеа резултатот со погодоците на Реџепи и Мазари.

„Рибарите“ одиграа одличен натпревар, со големи шанси и за трет погодок, но без реализација. „Гипсарите“ во 82. минута со голот на Рамадани дојдоа до реми и се спасија од пораз.

Ренова ги заврши подготовките во Охрид и екипата денес се враќа во Тетово.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!